Засилени акциски контроли на подрачјето на СВР Охрид за поголема безбедност во сообраќајот

Полицијата од СВР Охрид во текот на вчерашниот ден спровела засилени акциски контроли во насока на подигнување на безбедноста во сообраќајот.
На подрачјето на Охрид биле извршени контроли на 67 моторни возила, при што кај тројца возачи било констатирано дека управуваат автомобил под дејство на алкохол.
Регистрирани се и три неправилно запрени патнички возила како и еден прекршок направен од моторциклист.
Во Струга се контролирани се 68 патнички и други моторни возила и во еден случај, констатирано е управување автомобил под дејство на алкохол, како и два случаи на сторени прекршоци според одредбите од Законот за возила.
Полициските службеници во Кичево контролирале 39 патнички и други моторни возила и по направено алкотестирање, регистрирале два случаи на управување моторно возило под дејство на алкохол и два прекршоци сторени од возачите на моторцикли.
На подрачјето на Дебар полициските службеници од полициската станица за безбедност на сообраќајот на патиштата, контролирале 26 патнички и други моторни возила. Од извршеното алкотестирање, не било констатирано управување на возила под дејство на алкохол а биле евидентирани осум прекршоци сторени од моторциклисти и останати учесници во сообраќајот.
Возачите кои управувале моторно возило под дејство на алкохол се исклучени од сообраќај и одземени им се возачките дозволи. Против нив, како и против сторителите на евидентираните прекршоци, ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Ново на Сител
-

Потпретседателот на САД Венс за Украина: Трговија и културна размена наместо војна
-

Кремљ соопшти дека сè уште не е информиран за подготвеноста на Киев да разговара за мировниот план на Трамп
-

ЦУК: Во последното деноноќие на повеќе локации во државата се регистрирани зголемувања на водостоите на реките
-

Русија ги зголемува даноците за „странските агенти“ кои ја „предале земјата“
-

Обилни врнежи низ земјава, најмногу во Претор
-

Белата куќа го брани Трамп откако тој и се обрати на новинарка со „прасенце“
-

Предупредување во Австралија: Циклонот Фина носи разорни ветрови и силни дождови
-

Појава на одрони на патот Делчево - Македонска Каменица
