Засилена контрола на граничниот премин Деве Баир
На граничниот премин кон Бугарија, „Деве Баир“, од утрово има засилена полициска и гранична контрола, но протокот на патници за влез во државата е речиси минимален.
Од Министерството за внатрешни работи - Регионален центар за гранични работи „Исток“, информираат дека нема никакви организирани групи бугарски државјани кои досега ја минале границата, по повод чествувањето на денот на раѓањето на Гоце Делчев.
Од утрово од 7 часот досега во државата влегоа само дваесетина странски туристи кои транзитираат низ Северна Македонија и тоа со организиран меѓународен автобуски транспорт, додека пак, други лица сѐ уште не влегоа во државата низ овој граничен премин.
Фреквенцијата на патници кои излегуваат од државата е нешто поголема, но вообичаена кога станува збор за викенд патувања.
Претежно минуваат возила од Скопје и останатите градови во земјава кои се упатуваат кон зимските туристички центри во Бугарија, а регуларен е и протокот на патнички товарни возила.
Ново на Сител
-

Ѓорѓиевски: Градскиот парк повторно го враќа својот сјај
-

Продолжува гаснењето на пожарот во централна Грција – во текот на ноќта евакуирани села
-

Мигрантската криза во Сеута повод за меѓусебни обвинувања помеѓу Мадрид и Ерусалим
-

„И здравје и работа“: Нападите врз професорите се напад врз науката – Македонија мора да носи одлуки врз основа на знаење, а не на притисоци
-

Претрес во Кочани, пронајдени над 160 грама кокаин и марихуана, приведено едно лице
-

Тројца приведени кај Блаце за криумчарење стока од Косово, одземени две возила | ФОТО
-

Пад на закупите на недвижности, најбарани деловните простори
-

Три лица приведени во Скопје по обид за подигнување кредит со фалсификувана документација
