Засилен мониторинг на угостителските објекти пред претстојниот Супер куп, Пивофест....
Управата за јавни приходи најавува дека ќе врши засилен мониторинг на готовинскиот промет пред претстојните спортски, културни и манифестации од забавен карактер и апелираат до даночните обврзници да издаваат фискални сметки.
УЈП викендов спроведе контрола на при што се опфатени 195 објекти од кои кај 32 се констатирани неправилности, при тоа некои од нив се и затворени.
Во Скопје се контролирани 34 објекти, неправилности имало во 11, Битоал 14, неправилности кај 3, Охрид 16 и неправилности кај еден објект, Кавадарци и Неготино 37 и неправилности кај 5, во Тетово од 24 објекти неправилности имало кај 4, во Куманово 28 и неправилности кај 4 и во Гевгелија и Дојран 25 со неправилности кај 3 угостителски објекти.
Денеска на прес-конференција директорката на Управаа за јавни приходи Сања Лукаревска информира дека врз основа на податоци кои се добиваат на дневна основа утврдени се значителни отстапувања кај определена категорија на даночни обврзници особено услужниот сектор, како хотели, хостели, мотели, ресторани, кафани, барови, превоз и друго.
- Недозволиво е реномирани објекти и тоа во центарот на Скопје да го изигруваат системот, рече Лукаревска.
Појасни дека карактеристични се појавите во угостителската дејност каде на потрошувачите им се издаваат т.н. компјутерски сметки, односно сметки кои се печатат од обиечн принтер преку постоење паралелен систе.
Таа додаде дека обиди за изигрување на законот има и со употреба на стари фискални апаратеи, кои се одјавени, а кои беа во употреба до 31 јануари 2015 година.
Во контрола спроведена викендов УЈП посети 195 објекти од кои кај 32 се констатирани неправилности, при тоа некои од нив се и затворени.
Новата директорката на денешната прес-конференција рече дека нејзините заложби и делувања ќе бидат насочени кон јакнење на транспареноста и професионалноста на даночната служба и прес се на неселективната борба на неплаќачите, а во интерес на грашаните и државата.
Ново на Сител
-
Приведен 35-годишник од с. Кондово, со употреба на бензин запалил возило | ВИДЕО
-
Истрага и мерка притвор од Обвинителство против неготинец, се обидувал да изнуди три илјади евра од градоначалникот
-
Трамп: Ако Авганистан не ја врати контролата врз воздухопловната база Баграм на САД, „ќе се случат лоши работи“
-
Андоновски ќе информира за претстојниот Дигитален самит на Западен Балкан 2025 (WBDS25)
-
Зоран Николов го освои Елбрус, највисокиот врв во Европа
-
Мицкоски на поставување камен-темелник за Дом за стари лица во Зрновци
-
Сончево и топло време, температури до 32 степена
-
Четири лица осомничени дека фрлиле бомба пред куќа во Битола