-->
-->
„Заштитникот на белата раса“ избран за нов гувернер на Ломбардија
-->
Кандидатот на десничарската и антиимигрантска партија Лига, Атилио Фонтана е избран за нов гувернер на италијанскиот регион Ломбардија.
На вчерашните регионални избори во Ломбардија, кои се одржаа заедно со парламентарните избори на национално ниво, Фонтана освои 54 проценти од гласовите.
Фонтана стана позната во пошироката италијанска јавност со неговата изјава од јануари годинава дека ќе се бори за „заштита на белата раса од имигрантите“.
Тој додаде и дека противењето на прием на мигранти не е манифестација на кснофобија или разизам, туку логична постапка.
- Италија треба да реши дали нашата бела раса и нашето општетсво ќе продолжат да постојат или ќе бидат збришани, изјави тогаш Фонтана.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Совети за долготрајна свежина на цвеќето
-
Германскиот берзански индекс DAX падна за 10 проценти
-
Викендов казнети 2.553 возачи, од кои 543 за брзо возење
-
Каја Калас на тридневна турнеја низ Западниот Балкан
-
Во Велес одржани второ коло од Европскиот куп во кајак на диви води и класик трката од Југоисточна Европска лига
-
Најбогатите селебрити во 2025 година
-
Мбапе за понудите од други клубови: Мислев само на Реал
-
Приведен кумановец кој возел со 2.34 промили алкохол во крвта