Германскиот берзански индекс DAX падна за 10 проценти
Водечкиот германски берзански индекс DAX, падна за околу 10 проценти на почетокот на тргувањето денеска, паѓајќи на 18.489 поени додека инвеститорите продолжуваат да реагираат на огромните глобални царини воведени од администрацијата на Трамп.
Новите царини од 10 отсто за целиот увоз во САД стапија во сила во саботата, со дополнителни давачки за голем број трговски партнери што треба да бидат воведени во среда, вклучително и царина од 20 отсто за увозот од Европската унија.
Германската економија, која е базирана на извоз, ќе биде особено тешко погодена од новите мерки, пренесе ДПА.
Глобалните пазари реагираа на огромните царини откако Трамп ги објави минатата среда, бидејќи инвеститорите се загрижени за економските ефекти и нестабилноста на мерките.
Во петокот, DAX – кој ги мери перформансите на 40 водечки германски компании на берзата во Франкфурт – го заврши денот со пад од 4,95 проценти на 20,642, по неколку месеци наизменично објавување рекордни добивки.
Ново на Сител
-
Мерц: Можно е најлошото допрва да доаѓа
-
Македонија влегува на светските карти за планинарски патеки
-
Водата во Скопје безбедна за пиење
-
Приведени крадци од Битола и Прилеп
-
Совети за долготрајна свежина на цвеќето
-
Германскиот берзански индекс DAX падна за 10 проценти
-
Викендов казнети 2.553 возачи, од кои 543 за брзо возење
-
Каја Калас на тридневна турнеја низ Западниот Балкан