Засега 12 пациенти префрлени во Белград, изгорениците им покриваат и до 28% од кожата | ВИДЕО
Меѓу повредените во пожарот во дискотеката во Кочани има 150 лица, а 12 пациенти биле донесени во Белград во неделата вечерта со авион на војската на Србија, од кои некои се во Ургентниот центар во Белград.
„Девет пациенти се примени на Ургентниот центар, а тројца се на ВМА. Дијагностичките процедури беа започнати и завршени за пациентите веднаш по приемот. Станува збор за повреди од изгореници кои зафатиле помеѓу два и 28 проценти од површината на телото. Сите пациенти покажуваат симптоми и знаци на оштетување или контакт со токсични гасови произведени за време на пожарот, но некои имаат и изгореници на горните дишни органи и тие се класифицирани како сериозни повреди опасни по живот“, изјавија од Ургентниот центар во Белград, пренесе Танјуг.
„Засега немам дополнителни информации дали ќе дојдат уште пациенти, но ние сме подготвени за тоа. Тешко е да се зборува за прогнози за изгореници, но тоа ќе стане јасно во наредните денови.
Нашите пациенти се млади, на возраст од 18 до 35 години, тие се рехабилитирани и нивниот третман продолжува бидејќи тоа е долготраен процес кој бара недели лекување. Еден пациент е на механичка вентилација и е најтешко повреден“, изјавија за медиумите од Ургентниот центар во Белград.
Ново на Сител
-
Симулациска вежба за спречување чума кај малите преживари во Северна Македонија
-
Фатени крадци на дело во неготинско
-
Бројот на повредени во нападот врз Харков се зголеми на 21
-
Приведен насилникот кој тепаше бремена жена во живо на „ТикТок“
-
НБА: Јокиќ се врати по повредата со трипл – дабл
-
Сопствениците на ПСЖ ќе купат шпански клуб
-
Кејн: Фудбалерите немаат збор за одредување на календарот, но никогаш нема да одбијат да играат за трофеи
-
Лилард надвор од терените на неодредено време