Заседава Управниот одбор на ФЗОМ – Ќе се стави ли во мирување штрајкот на вработените?
Платите на вработените во Фондот за здравство ќе останат исти до крајот на мај годинава. Владата на синоќешната седница препорача да остане истиот бод за платите како во декември.
Новата препорака во моментов се разгледува на седница на Управниот одбор на ФЗО каде се очекува да биде усвоена. По завршувањето на состанокот, официјално штрајкот ќе биде ставен во мирување. Со тоа, сите подрачни единици ќе почнат со работа.
Вработените во Фондот штрајкуваат трет ден, со барање да не се намалуваат нивните плати, за како што велат, 21 процент.
Одлуката за платите ја чекаа 831 вработен во Фондот. Ако имаше намалување, синдикалицте кажаа дека 25 проценти ќе добиваат плата под минималната, а 25 отсто колку минималната плата.
Буџетот на ФЗО е над 46 милијарда денари и од него за плати се издвојуваат 1,19 проценти.
Ново на Сител
-
Партиски препукувања за реформите во правосудството согласно планот за раст
-
Тема на денот со Дејан Мираковски, ректор на Универзитет „Гоце Делчев“
-
Tрамп со порака против независна Палестина
-
Експерти: Системската корупција е најголема безбедносна закана за државата
-
Филипче реагира на изјавата на Мицкоски
-
Секој петти Македонец живее во сиромаштија
-
Трамп денеска говори на ОН
-
Реакции по условната казна за онкологот Пешевска