-->
-->
Засадени нови листопадни дрвја во Тафталиџе
-->

Со цел рамномерно да го зголеми зеленилото во сите урбани заедници, Општина Карпош во рамки на есенската акција, засади нови 22 висококвалитетни листопадни дрвја, во населбата Тафталиџе, долж улицата „Московска“, пред станбените згради.
Од локалната самоуправа информираат дека во изминатиот период се подигна и ново зеленило околу ТЦ „Лептокарија“, при што биле засадени 400 украсни растенија, а со акцијата биле опфатени и Нерези, Криви Дол и Влае 2.
Од општината најавуваат дека продолжуваат со секојдневните активности за надоместување на изгубеното зеленило и заштита на животната средина.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Сашо Клековски, министер за здравство
-

Епидемија на заразна болест во Гостивар
-

Километарски колони на границата со Грција, топлотниот бран ги натера Македонците спас да бараат на море
-

Утре средба за маржите на храната, РКЕ ќе носи цени на горивата, Собранието ќе гласа кризна состојба
-

Реформската агенда поле за нова партиска пресметка
-

Дојран го очекува шпицот на сезоната, најавена богата културно забавна програма
-

Домашното јунешко месо без купувачи, сточарите пред колапс
-

Охрид полн со туристи
