Засадени 32 садници пред КИЦ-Скопје
Скопскиот градоначалник Коце Трајановски денеска се вклучи во садењето 32 листопадни садници во паркот пред Културно-информативниот центар (КИЦ), како дел на есенската акција за садење 5.000 дрвца на територијата на Скопје.
Во паркот се засадени 11 платани, 12 костени, шест фотинии и три златни хамаеципариса. Зелената површина во паркот пред КИЦ, каде се засадени дрвцата е со површина од 837 метри квадратни и е реконструирана од Град Скопје во мај годинава. Во паркот е поставена и главна хидрантска мрежа од 120 метри и систем за полевање со 20 прскалки.
Во рамките на есенската акција на Град Скопје, во општина Центар ќе бидат засадени вкупно 317 садници во дрворедите на булеварите, во парковите и во блоковското зеленило во општината. Дел од садниците се од наше произвоство од расадникот во Бутел, а дел се увозни.
Садниците во општина Центар ќе бидат засадени на булеварите „Кузман Јосифовски-Питу“, „Кочо Рацин“, „Илинден“, „Партизански одреди“, „Гоце Делчев“, „Димитрије Чуповски“, на улиците „Кирил и Методиј“ и „Самоилова“, како и на Кале, кај СУГС „Јосип Броз-Тито“, кај Музејот на ВМРО и во близина на Амбасадата на САД.
Ново на Сител
-
Паднаа Фејсбук, Инстаграм,Месингер
-
Средба на министерот Тошковски со Симон Ридли, државен секретар за внатрешни работи на Обединетото Кралство
-
32-годишен скопјанец ги нападнал неговата мајка и баба
-
Тројца малолетници нападнале 60 годишник на автобуска во Гази Баба
-
ЕУ со нови санкции за Русија
-
Бунтовниците го укинаа полицискиот час во Дамаск
-
Царинска управа: Запленети накит, девизи, цигари, облека и автоделови
-
Костадиновски: Одлуката за подготвителна седница не е слабост, Судот ќе одлучува за иницијативите за Законот за јазиците најдоцна во мај