Македонија
11. December 2024 - 16:52

Обвинителството оформи предмет за Груби и Беџети, истражува кој плаќал и кој земал поткуп

Поткупот заради кој Груби и судијата Беџети, американските власти ги ставија на црна листа, ќе го истражува обвинителство.. Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски, на брифинг со новинарите информираше дека вчера оформил предмет и почнало собирањето на докази.. Ќе се истражува кој плаќал, а кој земал пари за да влијае врз судскиот процес за масовното прислушување.. 

„Поради сериозноста на наводите по последното назначување лица на „црната листа“ на САД ги искористив своите овластувања и уште вчера оформив предмет за обезбедување во врска со наводите за трговија со влијание. Ќе се испитува кој е давател на поткупот, кој е примател, дали имало тргување со влијание“, изјави Љупчо Коцевски, Државен јавен обвинител.

Поранешниот вицепремиер Артан Груби и апелациониот судија Енвер Беџети се најдоа на американската црна листа бидејќи властите во Вашингтон обезбедиле докази за нивна вмешаност во значителна корупција преку прифаќање поткупи за да ги поткопаат судските процеси поврзани со кривичната пресуда за Сашо Мијалков.. 

Претходно, Судскиот совет констатираше дека судијата Беџети незаконски го чувал во фиока предметот, па го казни на плата.. Денеска, советот преку соопштение пишува дека е загрижен што на црната листа е запишан и судија.. Најавуваат преземање мерки според законите кои им се на располагање..

„Судскиот совет веќе презема мерки согласно со неговите надлежности утврдени во Законот за судовите и Законот за Судскиот совет“, се вели во соопштението од Судскиот совет.. 

Државниот обвинител Коцевски на денешниот брифинг тврди дека домашните институции работат на предмети за лица кои се нашле на црната листа.. Ги посочи струшкиот градоначланик Мерко, поранешниот вицепремиер Анѓушев, градоначалникот Јакимовски.. 

Од обвинителството со кое раководи Ислам Абази, пак, информираа дека се работи и на случајот со преземањето на трговскиот Соравија каде втор сопственик стана Дрин Ахемти, внук на лидерот на ДУИ.. Била побарана меѓународна правна помош од САД од каде се чекал одговор, а барања за инфомрации имало испратено и до други домашни институции..