ЗАРОБЕНА
Од навидум обична компјутерска игра до неочекуван луксуз и голем успех. Тамер преку ноќ стекнува големо богатство, купува вила крај Босфорот и го зема неговото семејство да живее заедно со него. Но, болното детство е тешко да се заборави, а спомените туку така да избледат. Неговиот живот се менува дополнително кога ја среќава Пери.
Целиот свој живот, Пери го посветила на својата сестра Наз за да ја израсне и исправи на вистинскиот пат, грижејќи се за неа како за своја ќерка, и покрај зависта која Наз ја чувствувала кон неа. Завист кон успехот, убавината и среќата на Пери. Но, светот на Пери се распаѓа кога дознава за неверството на нејзиниот сопруг и нејзината сестра.
Разочарана и повредена, таа решава да изврши самоубиство, но баш тогаш, како некој ангел чувар на нејзиниот пат се појавува Тамер, кој ја спасува и решава да ја киднапира и држи во подрумот на големата вила.
Што се крие зад темните ходници на вилата и зошто Тамер ја држи заробена младата девојка? Траумите од детството ќе ги променат правилата во викенд драмата за една необична игра и една голема љубов.
Ново на Сител
-
На „vakcinacija.mk“ пријавени над 49 000 граѓани - На располагање има 80 000 бесплатни вакцини
-
Граѓанскиот суд го забрани штрајкот на контролорите на летање, синдикатот ќе се жали
-
Ќе има ли одговорност за куќата на писателот Малески
-
Македонија добива нова национална ИКТ стратегија - СМАРТ МК 2030
-
Преглед на вестите од светот
-
Андоновски: Нова дигитална стратегија
-
Мицкоски: Излезете на гласање
-
Филипче: Секој глас се брои