Зарина Првасевда вечерна музичка ѕвезда на плоштадот „Магнолија“ во Битола
Зарина Првасевда ќе биде главна музичка ѕвезда на вечерашниот дочек на Новата година што го организира Општина Битола на плоштадот „Магнолија“ во овој град.
Новогодишната програма ќе се реализира претпладнево од 11 до 15 часот, и вечер од 21 часот до полноќ каде ќе биде приредна богата забавна програма.
Први на сцената ќе настапат учесниците во Детска театарска претстава „Дружината на Лајко сезнајко и Дедо Мраз“ , членовите на театар Дел Арте ќе изведат работилница за Дедо Мраз, а групата Триангл ќе приреди Новогодишен детски музичко драмски концерт. Во претпладневниот дел ќе бидат изведени и детските театарски претстави „Дедо Мраз во трговски центар“, „Налутениот Дедо Мраз“, „Новогодишни случки“ и „Новогодишна Сајбер збрка“.
Вечерната програма ќе почне во 21 часот и освен етно пејачката Зарина Првасевда која ќе пее на полноќ, на плоштадот „Магнолија“ битолчани ќе ги забавуваат ди-џеите Рикардо, Конт Тру и Фанк Бенд.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Македонија одбележува 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости
-
Мицкоски и Меџити го обвинуваат ДУИ за притисоци кон гласачи, Џафери на партиски настан во владиниот мерцедес