Зариф: Пропадна обидот на САД за пиратерија
Иранскиот министер за надворешни работи Мохамед Џавад Зариф денеска ги обвини САД за обид за пиратерија во намерата да го спречат Гибралтар да го ослободи иранскиот танкер со нафта „Грејс 1″.
„САД се обидоа да го злоупотребат правниот систем за да ни украдат имот на отворено море”, напиша Зариф на својот Твитер налог, пренесен од британските медиуми.
„Овој обид за пиратерија укажува на непочитување на законот од страна на администрацијата на Трамп”, истакна шефот на иранската дипломатија.
Британските власти на Гибралтар денеска одлучија да го ослободат танкерот „Грејс 1″ бидејќи добија писмени гаранции од иранската Влада дека товарот нема да го истоварат во Сирија, соопшти денеска весникот „Гибралтар хроникл”.
„Врз основа на тоа премиерот Фабијан Пикардо одлучи да ја укине наредбата за задржување и на бродот му дозволи да отплови”, соопшти весникот на Твитер, пренесен од британските медиуми.
Американското Министерство за правда претходно денеска побара натамошно задржување на иранскиот танкер, бидејќи Гибралтар се откажа од постапката против посадата на танкерот, запленет на 4 јули кај брегот на Гибралтар под сомнение дека превезува нафта за Сирија.
Ново на Сител
-
Институциите пред тест по проширувањето на црната листа
-
Тема на денот со Столе Наумов
-
Пулмологија полна – Загадениот воздух причина за повеќе пациенти со компликации
-
Донација од Прилепска пиварница
-
Прво подготвителна седница па конечна одлука - Уставен следната година ќе одлучува за законот за јазици
-
ДУИ се заканува со нови протести – ВРЕДИ слави
-
Обвинителството оформи предмет за Груби и Беџети, истражува кој плаќал и кој земал поткуп
-
Ахмети: Ако се докаже корупција, Груби сам ќе ја напушти ДУИ