-->
-->
Запрени Јотовски и Русевски во финалето
-->
Македонската комбинација Томислав Јотовски и Предраг Русевски го загубија финалето во конкуренција на двојки на третиот фјучрс што се одржува на терените на „Тенис парк“ во Скопје. Поуспешни од нив денеска во финалето беа првите носители Британците Ричард Габ и Нил Пуфли. Двата сета завршија идентично 6:4 во гемови.
За Јотовски ова беше трето финале во двојки на трите фјучрси во Скопје, а на претходните два победи заедно со Александар Лазов од Бугарија.
Денеска се одиграа и мечевите од четвртфиналето во сингл и фаворитите постигнаа победи, па во утрешеното полуфинале ќе играат четирите први носители.
Резултати од 1/4 финале:
Ричард Габ – Нил Пуфли 2-0 во сетови,
Кристијан Месарош – Љубомир Челебиќ 2-0,
Лени Хампел – Нино Сердарушиќ 2-0,
Клаудио Фортуна – Патрик Фабиан 1-0 предаде Фабиан во вториот сет.
Полуфиналните мечеви Хампел - Фортуна и Габ - Месарош утре почнуваат во 10:30 часот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Царината наплати над 190 милиони евра во април – речиси 13 милиони повеќе од лани
-
АХВ казни 14 месарници – Уништени над 300 килограми небезбедна храна
-
Мапирање на диви депонии со помош на вештачка интелигенција - пилот проект во Прилеп
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Благоја Ралповски, KСС
-
Започнува изградбата на автопатот Тетово - Гостивар
-
Започнува изградбата на автопатот Тетово - Гостивар
-
Средба Мицкоски - Таравари во текот на неделава