Запрашување против комарци во Кавадарци
Почнувајќи од утре, па во наредните три дена, ќе се изврши запрашување против комарци во Кавадарци. Како што информираат денеска од Службата за односи со јавноста при кавадаречката општина, запрашувањето е во согласност со годишната програма за дезинсекција.
- Запрашувањето што ќе се изврши од земја во раните утрински часови и тоа на целата територија на општината, ќе го спроведе Центарот за јавно здравје Велес, соопштуваат од Службата за информирање при локалната самоуправа.
Притоа ги известуваат сопствениците на пчели, да преземат мерки на заштита на пчелните семејства, за да не дојде до несакани последици.
Доколку во деновите предвидени за запрашување против комарци има врнежи од дожд, тогаш заштитата ќе се спроведе во првиот сончев ден после врнежите.
Ново на Сител
-
35 апликации од општините за финансирање проекти од државниот буџет
-
Дел од помладите не знаат за спомен обележјата во градот
-
Расте интересот за младински волонтеризам во Црвениот крст во Струмица
-
Преглед на вестите од светот
-
Трговците разочарани, за ССМ и ОПМ владините мерки кои ќе ја поевтинат храната, се добри
-
Коцевски: Ако јас имам дисциплинска повреда, нека ме разрешат
-
Над илјада производи ќе се продаваат со замрзнати маржи до крајот на април
-
Тема на денот со Фатмир Битиќи, пратеник од СДСМ