„Запознавање“ на Викторија Попоска во Музеј на Град Скопје

Во Музеј на Град Скопје вечер ќе биде отворена изложбата „Запознавање“ на Викторија Попоска.
Изложбата е по повод наградата „Борко Лазески“ што ја доби авторката во 2015 година. Главниот акцент уметницата го насочува кон создавање мрежа или мрежи од издвоени акценти кои потоа со различни нагласувања ги повторува во сосема нови и неочекувани варијанти и варијации.
Музејот на град Скопје прифати секоја година да организира самостојна изложба на студент од Факултетот за ликовни уметности од Скопје кој во претходната учебна година ја освоил наградата „Борко Лазески“ за инвентивни достигнувања во сликарскиот оддел. Овојпат тоа е Викторија Попоска.
Попоска е дипломиран сликар со конзервација и реставрација, ФЛУ, Скопје, Универзитет Св.Кирил и Методиј 2015. Учествувала на повеќе групни изложби, а освен „Борка Лазески“, добила и Специјална награда на „Paratissima“ - „Ponte di pietra“ 2016.
Ново на Сител
-

Одобренија за нови 1030 станови, половина во Скопје
-

Тема на денот со Гордана Димитриеска Кочоска, министерка за финансии
-

Доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане
-

Прв конгрес на Српската демократска лига
-

Доживотен затвор за серискиот убиец од кумановско
-

Владата пресмета колку пари месечно му требаат на четиричлено семејство
-

2,1 милион евра за изведувачите за прославата за независноста - индивидуалните хонорари тајна
-

Бугарија е против квалификувано мнозинство во ЕУ
