Започнува уписот на првачиња во Општина Карпош
Општина Карпош инфромира дека започнува уписот на деца во прво одделение во сите десет општински основни училишта за учебната 2021/2022 година.
– Во општина Карпош, запишувањето на новите ученици ќе се одвива во две фази: Доставување на потребни документи до училиштето, по електронски пат на uslugi.gov.mk или директно до Комисијата за упис на деца во прво одделение (составено од секое основно училиште); и Средба (разговор) со детето, на закажан термин во согласност со Протоколот за упис на ученици, се наведува во денешното соопштение на Одделението за односи со јавноста на локалната самоуправа.
Од Општината потенцираат дека оваа година доставувањето на документи може да се врши и по електронски пат, со цел да се намали метежот по образовните установи, но и да се избегне групирање и ширење на вирусот Ковид-19.
– Физичкото присуство останува како задолжително за да се спроведе интервјуто со ученикот кој се запишува. Сепак, генерално, ако дозволуваат временските услови, овие разговори ќе се спроведуваат во отворените еко – училници на сите училишта. Апелираме до сите чинители во процесот (наставници, деца, родители, административно – технички кадар) на зголемена претпазливост при работењето и грижа за заштита на јавното здравје, се потенцира во соопштението.
Воедно, Општина Карпош им посакува успешен упис и нов почеток на своите најмлади жители, како и на нивните родители и наставен кадар.
Ново на Сител
-
Двајца малолетници со закани принудувале малолетнички полово да ги задоволуваат
-
Со автомобил удрен пешак во Скопје, се здобил со тешки телесни повреди
-
Објавен редоследот на евровизиските настапи во мај
-
Во Египет откриена гробница на фараон стара 3.600 години
-
Анчелоти идната недела на суд за даночна измама
-
Попладне пороен дожд, грмежи и засилен ветер
-
Четири млади лица приведени во кавадаречко, поседувале бела грутчеста материја
-
За време на продолжениот викенд јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред