Започна судењето на родителите на Коста Кецмановиќ
Во Вишиот суд во Белград почна судењето на таткото и мајката на Коста Кецмановиќ кој на 3 мај во ОУ „Владислав Рибникар“ уби девет деца и чувар на тоа белградско училиште.
Во Палатата на правдата, пред која има голем број новинари, во придружба на адвокат дојде Миљана К., мајката на момчето која во овој случај е обвинета за чување и носење оружје, додека неговиот татко Владимир К. е донесен од притворот во кој се наоѓа од апсењето на 3 мај минатата година.
Главниот јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство во Белград, Ненад Стефановиќ, пред почетокот на судењето изјави дека очекува законско и правично судење. Судот го прифати предлогот на обвинителството за исклучување на јавноста од судењето за да се заштитат правата и интересите на сите малолетни жртви во оваа постапка. Одбраната се спротивстави на тој предлог.
Обвинителството при предлогот за исклучување на јавноста зеде предвид кој е главниот интерес - дали преовладува интересот на јавноста да знае или интересот за заштита на малолетниците во оваа кривична постапка. Поради чувствителноста на оваа постапка, обвинителството смета дека главен интерес е заштитата на малолетниците.
Судот го усвои предлогот на обвинителството и покрај противењето на одбраната на обвинетите и одредени бранители на оштетените, кои побараа јавноста да присуствува на овој судски процес.
Семејствата на повредените ќе можат да присуствуваат на судењето, за разлика од новинарите или другите граѓани.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Панче Тошковски, министер за внатрешни работи
-
75 години Танец
-
Средби и стратегија за пласман пред, а не за време на сезоната бараат земјоделците
-
Водата во Скопје по санацијата е безбедна за користење покажаа испитувањата
-
“Беланоца” криела гранати и ТНТ под земја и во објекти во Арачиново
-
Каде е Груби? Политичките препукувања продолжуваат
-
40 отсто од граѓаните задоволни од Мицкоски, СДСМ вели анкетата е лажна
-
Опозицијата обвинува дека новогодишната кошница нема ефект, власта го тврди спротивното