Започна реконструкцијата на ученичкиот дом во Кавадарци
Започна реконструкцијата на ученичкиот дом „Крсте Петков Мисирков” во Кавадарци. Директорката Трајанка Толева денеска информираше дека работите ги изведува фирма која ја доби оваа работа на тендерот распишан од Министерството за образование.
- Од наредната учебна година ќе имаме многу подобри услови за сместување на учениците кои престојуваат во нашиот дом, додека се школуваат во Кавадарци. Токму затоа и очекуваме поголем број на ученици кои ќе учат средно училиште во Кавадарци, да сакаат да бидат сместени овде, нагласи Толева.
Таа соопшти дека реконструкцијата која чини пет милиони денари, опфаќа комплетна промена на електриката, санитариите со водоводот и канализацијата, подовите , вратите и прозорците.
Во моментов во домот се сместени шеесет ученици.
Ново на Сител
-
35 апликации од општините за финансирање проекти од државниот буџет
-
Дел од помладите не знаат за спомен обележјата во градот
-
Расте интересот за младински волонтеризам во Црвениот крст во Струмица
-
Преглед на вестите од светот
-
Трговците разочарани, за ССМ и ОПМ владините мерки кои ќе ја поевтинат храната, се добри
-
Коцевски: Ако јас имам дисциплинска повреда, нека ме разрешат
-
Над илјада производи ќе се продаваат со замрзнати маржи до крајот на април
-
Тема на денот со Фатмир Битиќи, пратеник од СДСМ