Започна реконструкцијата на патот до демиркапиското село Клисура
Започна реконструкцијата на дел од патот до демиркапиското село Клисура. За оваа цел општината Демир Капија претходно обезбеди финансиски средства од Агенцијата за поддршка на земјоделството и руралниот развој, во висина од 8.915.310,00 денари. Како што информираа денеска од Службата за односи со јавноста при Локална самоуправа Демир Капија, патот е со должина од 1,28 километри и ширина од 5,5 метри.
- Со реконструкцијата ќе се изврши проширување на патот, тампонирање и асфалтирање на коловозот со ширина од 3,5 метри. Исто така ќе се изработат банкини по еден метар од двете страни и канавка од едната страна на патот со 6 пропусти, за одведување на атмосферските води, рекоа од Службата за информирање.
Оттаму додадоа дека од педесетите години на минатиот век, Клисура е целосно иселено, претежно во Демир Капија.
- Но има интерес за враќање на населението.Тоа е добро за развој на селото во насока на етно село, затоа што општината Демир Капија заедно со Центарот за развој на Вардарски Плански Регион и Германската развојна агенција ГИЗ, подготвија техничка документација за изгрдаба на етно село, соопштија од Службата за информирање на јавноста.
Притоа нагласија дека комплетирањето на целата инфраструктура во етно село Клисура, е битно за изградбата на овој туристички комплекс од регионално значење.
- Изградбата на локалниот пат ќе ја забрза изградбата на етно селото Клисура, што ќе придонесе до поголем економски развој на регионално и локално ниво и брендирање на Демир Капија и Вардарскиот регион како туристички дестинации, велат од Службата за информирање.
Ново на Сител
-
Студентите ќе добијат ваучери од 250 евра за компјутер, лаптоп или таблет
-
Семејното насилство ќе се гони по службена должност со новите измени во Кривичниот закон
-
Мицкоски: Борбата со високата корупција останува главен фокус
-
Пресуда за криминалната група од Грчец
-
Мицкоски: Извештајот на ГРЕКО е признание за напорите на владата во борбата против корупцијата, ќе продолжиме уште пожестоко
-
Државниот Завод за Ревизија одржа конференција за финансиска отчетнос на изборите
-
Нуркањето привлечно за туристите
-
Екоактивисти во Струмица маршираа против загадувањето од депонијата Шапкар