Започна распределбата на картичките за „зелена нафта“
Во Подрачната единица на МЗШВ Велес денеска започна распределбата на 1.672 персонализирани картички за „зелена нафта“ на земјоделците од Велес, Чашка и Градско кои се во вкупна вредност од шест милиони 659,533 денари.
При денешната посета на Подрачната единица на МЗШВ министерот информира дека за една недела преку картичките за набавка на зелена нафта на земјоделците во земјава вратиле вкупно 87 милиони 462.365 денари средства со кои се намалуваат производните трошоци, а домашното производство се прави поконкурентно.
-Ова се сериозни средства што ги враќаме кај земјоделците во време кога имаат најмногу активности на поле. Со зелената нафта и сите преземени досегашни мерки ги намалуваме производствените трошоци, а со тоа го правиме домашниот агро-сектор поодржлив, рече министерот.
Тој додаде дека преку оваа мерка и институциите и земјоделците се приспособуваат кон земјоделската политика на ЕУ, а на сметките на 55.000 земјоделци во Македонија се враќаат околу 200 милиони денари со кои се покриваат 30 процнети од трошоците за нафта.
Како што информира Николчо Бабовски, директор на Платежната агенција, Платежната агенција заедно со подрачните единци на МЗШВ до денеска дистрибуира вкупно 33.331 персонализирана платежна картичка за зелена нафта. Освен во Велес доставени се и во подрачните единици, Битола, Прилеп, Кривогаштани, Штип, Свети Николе, Куманово, Струмица, Валандово, Гевгелија, Велес, Тетово, Боговиње, Гостивар, Радовиш, Берово, Виница, Делчево, Пробиштип, Кратово, Крива Паланка, Демир Хисар и Ресен, односно во 22 подрачни единици до денеска се доставени над 60 проценти платежни картички за зелена нафтга.
-Во наредниот период ќе бидат дистрибуирани платежните картички и до останатите подрачни единици, а до крајот на месецот сите кои ги исполнуваат условите за добивање на средства од оваа мерка ќе ги добијат картичките, најави Бабовски.
Тој апелира до сите земјоделци при подигање на картичките да направат споредба на износот кој го имаат на картичките со износот кој им е одобрен на решението.
Појасни доколку има разлика треба да пријават до подрачните единици за да биде корегиран износот.
Со средствата што ги имаат на картичките земјоделците ќе можат да полнат исклучиво еуродизел гориво за земјоделска механизација. Тој потенцира дека со оваа мерка директно се намалуваат трошоците на земјоделците кои ги имаат при обработката и одгледувањето на културите.
Ново на Сител
-
Fast Food 7 - принцип за постојан квалитет | Билјана З. Попова | Бизнис приказни | Sitel Podcast 030
-
Пронајдена неексплодирана експлозивна направа во Битола
-
Разбојникот кој ограби казино со автоматско пушка е полицаец
-
Демири: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурена, менаџментот треба да преземе одговорност
-
До 30 април на полноќ пријавување на болните и изнемоштените за гласање на изборите на 8 мај
-
Гевгеличанка лажела дека е царински застапник и измамила Грк за 2.000 евра
-
Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата
-
Пет клучни донатори вложија повеќе од 50 милиони долари во претседателската кампања на Трамп