Започна пријавувањето за предадена оризова арпа
Во подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во Кочани од денеска започна пријавувањето на земјоделците за добивање субвенција по основ на предадена оризова арпа во текот на јули од реколтата во 2015 година.
Од подрчаната единица на Министерството во Кочани истакнуваат дека со примањето на апликациите е започнато од денеска и во текот на овој прв ден се подмнесени 24 апликации за добивање дополнителни субвенции за предадена оризова арпа кај откупувачите.
Истакнуваат дека голем број земјоделци се инетересирале за поднесување апликации, со што се очекува од утре поголема динамика во поднесувањето на барања за дополнителни субвенци.
Инаку, со новата мерка земјоделците кои имаат пријавено земјиште до 2 хектари на кое одгледуваат оризова арпа ќе добијат 5 денари дополнителна субвенција за предаден килограм кај откупувачите. Земјоделците со земјиште од 2 до 10 хектари имаат право на субвенција од 4 денари за килограм, а производителите со пријавено земјиште над 10 хектари на кое одгледуваат ориз ќе добијат по три денари за килограм.
Одлуката арпата да биде предадена од 1 до 31 јули е со цел да се продадат количините останати од минатогодишната реколта. Оризопроизводителите по предавањето на залихите, со целата документација до крајот на август треба да се пријават во подрачната единица на Министерството за земјоделство и да аплицираат за добивање на дополнителни субвенции за откупена оризова арпа.
Ново на Сител
-
Волстрит џурнал: Се очекува Трамп да нареди укинување на Министерството за образование
-
Политико: Соработници на Трамп водат тајни разговори со украинските противници на Зеленски
-
ЛШ: Баерн, Барселона, Ливерпул и Интер со предност пред реванш осминафиналните дуели
-
Во синоќешните инциденти во Атина приведени 30 лица
-
Канада би можела да го користи извозот на гас и нафта како алатка доколку ескалира спорот околу царините со САД, рече министерката за надворешни работи на земјата
-
Холандија вети 3,5 милијарди евра поддршка за Украина за 2026 година
-
СЗО: Замрзнувањето на помошта од САД загрозува милиони животи на заболени од туберкулоза
-
Без струја неколку улици во општините Аеродром, Сарај, Центар и Ѓорче Петров