-->
-->
Започна „Опен фан фудбал 2017“ во Крива Паланка
-->
Од денеска до петок двесте дечиња на возраст од седум до 12 години ќе ги учат основите на фудбалската игра на четиринаесеттата отворена летна фудбалска школа „Опен фан фудбал “ во Крива Паланка.
- Поради врнежите и неповолните временски услови ја започнавме школата во спортската сала „Петар поп Арсов“, но веќе од утре дечињата ќе уживаат во лудориите на трева на градскиот стадион. И годинава има двесте дечиња кои ќе ги обедини концептот на единство, дружба и спортска игра, изјави Бранко Величковски, координатор на Опен фан фудбал Крива Паланка.
На школата учествуваат дечиња родени од 2005 до 2010 година. Покровител на истата е локалната самоуправа на општина Крива Паланка.
- Убаво е да се видат на едно место толкав број дечиња кои заедно минуваат пет дена, во радост, спортски манир и покрај тоа што ги учат основите на најпопуларнито спорт на денешницата, учат и здрави навики на живот, со спорт интегриран во нивните секојдневни активности, рече градоначалникот на Крива Паланка, Арсенчо Алексовски, кој ја прогласи школата за отворена.
За тренинзите и комплетна реалзиација на школата се задолжени 12 тренери, потпомогнати од ист толкав број асистенти. Секој учесник добива опрема со лого на школата и сертификат за учество.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Околу 90 камиони со помош влегле во Газа
-
Потпишување на Договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство
-
Продолжува надзорната расправа за аерозагадувањето
-
Без струја корисници во Аеродром и Студеничани
-
Двајца вработени во израелската амбасада застрелани во центарот на Вашингтон
-
Каја Калас во Белград, Вучиќ: Србија останува доверлив партнер на сите кои се стремат кон соработка
-
Земјотрес со јачина од 6,1 степени го погоди грчкиот остров Крит
-
Променливо облачно и топло, попладне можен пороен дожд