-->
-->
Започна изградба на повеќенаменско игралиште во кривопаланечка Конопница
-->

Жителите на кривопаланечкото село Конопница наскоро ќе добијат нов повеќенаменски спортски терен, информираат од Одделението за изградба и одржување во општина Крива Паланка.
- Започна изградбата на повеќенаменско спортско игралиште кое е финансирано од страна на Агенцијата за млади и спорт. Игралиштето е дел од Проектот „Изградба на 100 повеќенаменски игралишта“, а за изградбата на овој терен се обезбедени средства од околу шест милиони денари, изјави Никола Граматиков, раководител на Одделението за изградба и одржување во општина Крива Паланка.
Според него, теренот ќе можат да го ползуваат жителите од Конопница и околните места кои гравитираат во овој реон.
- Изградбата на повеќенаменското спортско игралиште е добра за развој на младите кои ќе добијат можност во секое време да спортуваат и да се рекреираат на современ и опремен терен, но и жителите на Конопница и околината не ќе мора да патуваат до градот да го сторат истот, рече Граматиков.
Ова е второ повеќенаменско спортско игралиште во Крива Паланка финансирано од страна на Агенцијата за млади и спорт. Еден терен од Проектот „Изградба на 100 повеќенаменски игралишта“ е веќе изграден и пуштен во употреба во 2014 година.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

„Марш на ангелите“ оваа сабота се одржа во Виница
-

Тема на денот со Дарко Аврамовски, Коалиција „Сите за правично судење“
-

Вонредна седница на Владата: Продолжени се мерките за цените на горивата
-

По повеќе од три децении започна пробивање и доизградба на булеварот „Борис Трајковски“
-

Миро Кацаров в.д. директор на Универзална сала, следната недела ќе биде распишан повик за ново раководство
-

Партиски препукувања за сторени злоупотреби и криминални шеми
-

ВМРО-ДПМНЕ: Обвинителството не го видело извештајот на ДЗР?
-

Ракот на кожа не бира возраст - превенција и рано откривање порачуваат дерматолозите
