Започна дистрибуцијата на "Европската младинска картичка", бројни поволности за младите
Проектот "Младинска картичка" започна со реализација, доставени се првите стотина картички до млади на возраст од 15 до 29 години.
На територијата на цела држава над 300 субјекти како угостителски објекти, театри, кино сали, центри за едукација и развој, спортски центри нудат попусти за нивните услуги.
Проектот "Младинска картичка" обезбедува поволности и придобивки во секојдневниот живот на младите.
Со овој проект ќе се намалат трошоците, но и позитивно ќе се влијае и на личниот развој, едукацијата и социјалниот живот на младите.
Активните младински политики се клуч за задржување на младите дома.
Како одговорна партија, остануваме посветени на обезбедување подобри услови за младите, повисок студентски стандард, помали трошоци и еднаква шанса за сите млади.
Младите и квалитетните младински политики се приоритет за Владата предводена од СДСМ.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Собранието расправа за измените во Изборниот законик за учество на независните на изборите
-
Голема историска средба Трамп-Путин на Алјаска, Зеленски очекува покана за следната средба
-
Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен амбасадор во САД
-
Голем пожар во Јажинце
-
Стојановска: Прагот од 0.95% потребни потписи е потценување на независните
-
Самит САД-Русија посветен на иднината на Украина на Алјаска
-
Два критични пожари во околината на Скопје