Започна 13. издание на фестивалот „МакеДокс“, вечерва почнува програмата „Земја во фокус“

Под мотото „Лупење идеи“ во Куршумли-ан вчеравечер беше отворено 13. издание на Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“.
Пред присутните во Куршумли-ан, на отворањето на фестивалот се обратија Сара Ферро и Павле Игновски од екипата на „МакеДокс“.
Ферро потсети дека мотото доследно ќе ја води публиката низ целата фестивалска програма, додека Игновски истакна дека отворањето на фестивалот е со посвета на еден прерано починат соборец од екипата на фестивалот – Љубиша Ивановски – Лепи.
Филмската програма беше отворена со белгискиот краток документарен филм „Иднината е водена палата“ на режисерката Хуанита Онзага, која по проекцијата даде дополнителни објаснувања за својата водена и надреална филмска авантура. Потсети и дека нејзин филм вторпат се прикажува на „МакеДокс“.

Од главната програма беше прикажан документарниот филм „Сè што дише“ на режисерот Шаунак Сен, филм кој е индиско-британска копродукција. Вечерта беше затворена со концерт на групата „Баклава“.
Вечерва, како што најавија организаторите, започнува програмата Земја во фокус, што оваа година носи осум нови документарни филмови од Чешка. Програмата ќе биде отворена во Куршумли-ан со филмот „Рене – затвореник на слободата“ на почесната гостинка Хелена Тшештикова, мајката на „тајм-лапс документарецот“, која ќе биде присутна на проекцијата. За утре е предвидено да се одржи и мастерклас со Тшештикова во Europe Housе-Скопје за тоа како ги развива своите идеи и како ги доведува до целосно филмско дело.
Во функција вечерва ќе биде ставена и втората сцена на платото пред Музејот на Република Северна Македонија, со проекции на четири краткометражни и четири долгометражни филмови со паралелни термини во програмата.
Тринаесеттото издание на „МакеДокс“ е поддржано од Агенцијата за филм на Северна Македонија, Програмата МЕДИА на „Креативна Европа“, Националната фондација за демократија од Вашингтон, Институтот „Јунус Емре“ – Скопје, Чешката Амбасада во Скопје, Чешкиот културен центар во Софија, Сивус Скопје – Групација „Арикома“, Грчкиот културен центар, МЕДИА деск МК, Музеј на Република Северна Македонија, Археолошки музеј, Музеј на современата уметност, такси „Глобал“.
Билети може да се набават онлајн преку продажната мрежа на мк.тикетс. Целовечерен билет за проекциите во Куршумли-ан чини 200 денари, а билет за втората проекција во Куршумли-ан чини 150 денари. Единечен билет за проекциите на платото на Музеј на Република Северна Македонија може да се набави по цена од 100 денари. Билетите за церемонијата на доделување награди на 24 август се со цена од 300 денари. Единечен билет за проекциите во МКЦ е 50 денари, а за деца под 10 години билетите се бесплатни.
Ново на Сител
-

Крај на петмесечната политичка криза: Романскиот парламент му изгласа доверба на кабинетот на Лука Никулеску
-

НАТО ќе го засили надзорот во Црното Море
-

Венс не го поддржа Нетанјаху на претстојните избори
-

Димитриеска-Кочоска: Продолжува мерката за намалено ДДВ за дизелот и акцизата до 2 ноември 2026 година
-

По децении запуштеност, конечно ќе се реконструира спортската сала „Македонија“ во Прилеп
-

Маж следел, па потоа допирал по телото 22-годишна девојка во Карпош
-

17-годишник со нож повредил 15-годишник на Бит Пазар
-

Тешко повредено шестгодишно дете кое се возело како сопатник на тротинет откако во нив удрил автомобил
