Запленетиот кокаин во Скопје припаѓал на нарко групата на Штекли, напиша Јанев | ФОТО

Од Јавното обвинителство вечерва соопштија дека приведени се две лица кај кои се пронајдени 4,5 килограми кокаин. Директорот на на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев на својот Фејсбук профил информира дека оваа одземена количина на кокаин припаѓала на нарко групата на Раде Трајковски Штекли.
- Откриени и одземени над 4 кг кокаин од групата на Штекли. Упорноста и професионализмот се клучни за успешната истражна работа. Во координација со Јавен обвинител, продолживме со активностите против криминалната група на Штекли, и при дополнителни дејствија, по само нецел месец од разбивањето на групата, повторно е пронајдена и одземена дрога од истата криминална банда. Продолжуваме со нашата посветеност во борбата со недозволена трговија со дрога. Нема непобедливи криминални структури – тоа го потврдуваме со секој нов успех и го разбиваме митот за непобедливоста на одредени поединци, напиша Јанев.

ОЈО претходно информираше дека за двајцата приведени побарани се притвор и куќен притвор.
- Како резултат на материјалните и видео докази, обезбедени при претресите во акцијата што под раководство на јавен обвинител беше спроведена на 18 и 19 јануари годинава, во текот на денешниот ден од слобода се лишени две лица. На лицата им се става на товар дека сториле кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на психотропни супстанци и прекурсори“, информираше Обвинителството.
Од екстрахираните податоци, истражителите од Лабораторијата за дигитална форензика при Истражниот центар на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, дошле до докази дека првоосомничениот, кој бил приведен во Гевгелија, сокрил 3,5 килограми кокаин во бункер во патничко моторно возило.
- Воедно, како резултат на доказите, побарани се и извршени претреси на дом кај приведените лица и притоа е пронајден уште еден килограм кокаин. Јавниот обвинител за двете лица донесе наредба за истрага, а од судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд - Скопје, побара притвор и куќен притвор, појаснуваат од Обвинителството.
Ново на Сител
-

Ѓорѓиевски: Успешна акцијата за чистење на Скопје, нема да дозволам да се повтори грдата слика
-

Над четири и пол илјади тони отпад собрани во акцијата за чистење на Скопје
-

МВР: Уапсен турскиот државјанин кој синоќа удри во контејнери и возило во Аеродром и избега од местото
-

Излизган камион го прекина сообраќајот на патот Струмица-Ново Село
-

Земјотресот во Јапонија предизвика мало цунами без сериозни последици
-

Турчин во Скопје со возило удрил во контејнер, па во друго возило, и пробал да избега од полицијата
-

Лавров: Русија и САД го продолжуваат билатералниот дијалог, но не со посакуваното темпо
-

38-годишник од Скопје со возило удрил во полицаец и го повредил
