Запленети околу два тона албанска марихана
За не цели 24 часа албанската, италијанската и грчката полиција запаленија околу два тона марихана по потекло од Албанија, јави дописникот на МИА.
Последната, од неколкуте акции е реализирана синоќа во сорабатка на албанската и италијанската полиција, при што се запленети еден тон марихана.
Дрогата била транспортирана со чамец и запленета во италијанскиот пристанишен град Бари. Поддршка во акцијата полицијата имала и од европскатаа агенција за контрола на границите Фронтекс.
Во моторниот чамец се нбаоѓале двајца албански државјани на возраст од 51 и 25 години, кои се уапсени.
Во друга акција. италијанската полиција на периферијата на градот Сбитри во регионот Бридизи, во еден објект открила околу 400 килограми марихуана прошверцувана од Албанија.
При оваа операција се уапсени двајца Албанци на возраст од 39 и 28 години, кои биле ангажирани како чувари на објектот, а под истрага е и еден италијански државјанин.
Во меѓу време, албанската полицијата од приморскиот град Валона заплени 250 клограми марихана поготвена за транспорт кон италијанскиот брег.
Нивните грчки колеги, пак, во близина на Јанина запленија 130 килограми марихуана и уапсија еден албански и еден грчки државјанин. Дрогата била натоварена во две возила кои биле запрени при рутинска контрола.
Во неколку полициски акции на територијата на Албанија запленети се уште најмалку 150 килограми марихуана.
Ново на Сител
-
Ново рочиште за убиствата на Вања и Панче
-
Мерко именувал библиотекар за директор на училиште
-
Законот за интонирање на македонската химна денеска пред пратениците: Јаневска очекува да добие поддршка
-
Дурмиши: Новогодишната кошничка ќе донесе заштеди над 1200 денари месечно
-
Депонијата Буково полна со отровен отпад
-
Преглед на вестите од светот
-
МВР откри терористичка ќелија која организирала напади во Македонија и регионот
-
Политички кризи предизвик за новинарите