Македонија
16. December 2024 - 12:30

Законот за интонирање на македонската химна денеска пред пратениците: Јаневска очекува да добие поддршка

На денешната собраниска седница е ставен и законот за средно образование кое предвидува интонирање на македонската химна во средните училишта.

Законско решение за кое од опозициската ДУИ најавија дека ќе го блокираат преку илјадници амандмани бидејќи сметаат дека е законот агресивен национализам кој го спроведува власта.

Министерката за образование очекува овој закон да добие поддршка од пратениците, иако вели дека не и јасно зошто има вакви неосновани забелешки од ДУИ.