Запленети над 200 метри кубни бесправно исечени дрва, кривични за пустошење на шума и кражба | ФОТО
Полициски службеници од СВР Штип-ОВР Кочани денеска, по претходно добиени оперативни сознанија за пустошење на шума, во содејство со Државен инспекторат за шумарство и ловство, постапувајќи во склоп на Оперативна акција „Гора“ околу 10.30 часот во Осоговските планини на место викано Бунари, покрај шумски пат, пронајдоа над 200 метри кубни бесправна сеча на огревно дрво бука, од кои околу 150 метри кубни подготвени за превоз од страна на правно лице од Кочани. соопшти МВР.
За случајот е известен е јавен обвинител и по документирање ќе биде поднесена соодветна кривична пријава до ОЈО Кочани.
- Исто така, денеска во Осоговските планини на место викано Бабини градини затекнати се четири лица од Виница, вработени во правно лице од Пробиштип, како вршат бесправна сеча на огревно дрво бука. Известен е јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава до ОЈО Кочани, додаваат од МВР.
Ново на Сител
-
Христовски од АНБ: Незаконско следење имало, на ред е Обвинителството
-
Кој следел новинари и политичари?
-
Мицкоски чека да го види документот
-
Тема на денот со Виктор Јакимов, претседател на Сојуз на средношколци
-
ФФМ со рекордна донација за младите
-
Почна новата учебна година - 245 илјади ученици седнаа во училишните клупи
-
АНБ скандал: Обвинителството без конкретни детали
-
Филипче ќе ги нацрта „црвените линии“ до крајот на неделава