Запалил сува трева во двор по што пожарот се прошилил, приведен 54-годишник во прилепско
На 05.08.2024 во с.Штавица, прилепско, полициски службеници од ОВР Прилеп и од Полициската станица за граничен надзор Старавина при Регионалниот центар за гранични работи Југ го лишиле од слобода Г.К.(54) од с.Штавица поради сомнение дека предизвикал пожар.
Околу 09 часот тој запалил сува трева во дворното место од неговата куќа, по што пожарот се проширил на соседните парцели. Г.К. бил затекнат од полициски службеници при гаснење на пожарот и во службен разговор го признал делото.
Пожарот бил изгаснат од полициските службеници, а повредени лица нема.
Увид бил извршен, а лицето било приведено во полициска станица.
По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Илија Димовски
-
Македонија под снег - Радост за најмладите, проблеми за возрасните
-
Македонија под снег - радост за најмладите, проблем за возрасните
-
Охрид се мобилизира
-
УХМР најавува снежни врнежи и утре
-
Панихида за Мара Бунева во Скопје
-
Секој втор граѓанин има картичка, но плаќа во кеш за нарачки по интернет
-
Две нови стамбени зони во Штип со куќи за индивидуално домување