Запалено патничко возило во Крива Паланка
Противпожарната единица од Крива Паланка сионќа интервенирала при гаснење на пожари од запалено патничко возило на обиколницата на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка.
Како што информира командирот на територијална противпожарна единица Крива Паланка Иле Коцевски, по примена дојава за запалено возило на обиколницата на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка во близина на бензинската пумпа, до пристигнување на противпожарна екипа возачот го локализирал пожарот, а пожарникарите го ликвидирале.
Станува збор за патничко моторно возило, марка мерцедес.
- Причината за настанување на пожарот е неисправна инсталација на возилото, а настаната е голема маетеријална штета, доаде Коцевски.
Ова е втора интервенција на ТППЕ Крива Паланка месецов. Од почетокот на 2017 пожарникарите интервенирале на дојава за пожар во стан на улица „Св.Јоаким Осоговски“, но станувало збор за чад од запален оџак во два стана во колективна станбена зграда. На 5. јануари имале и една техничка интервенција.
Ново на Сител
-
Teма на денот со Панди Јани, претседател на партијата на слободата за Мала Преспа
-
Сител во Пустец: Како Бугарите станаа побројни од Македонците во Албанија
-
Јавните комунални претпријатија се превработени, но со несоодветен кадар
-
Сител во Пустец: Како Бугарите станаа побројни од Македонците во Албанија
-
Сведоштва за бугарските медиуми
-
СДСМ утре избира нов партиски лидер
-
Вреди ќе добие заменик во АНБ
-
Дали нотарите ќе поскапат и до 10 пати? Лога ја повикува новата влада да го укине тарифникот