Запалени палми во Клиниката „Жан Митрев“

Во текот на изминатите денови во градината на Клиниката „Жан Митрев“ се запалени две палми од страна на група млади лица, информираат од Клиниката.
Едниот случај е регистриран минатата сабота во околу 1.30 часот, а другиот синоќа околу 2.30 часот.
На видеата, кои се направени со безбедносните камери на Клиниката, се забележуваат неколку млади лица како се приближуваат до влезот на паркингот и едниот од нив со запалка го пали стеблото на палмата што за неколку секунди вивнува во пламен. Во вториот случај на безбедносните камери младите лица се симнуваат од автомобил, со прикриено лице и се упатуваат до една од најблиските палми и исто така ја палат, по што се качуваат во автомобилот и бегаат од местото.
Видеата ќе бидат искористени за понатамошна истрага во која ќе се бара кои се сторителите и кои се мотивите за тоа некој да направи ваков вандалски, нецивилизиран чин.
Ново на Сител
-

Второ убиство во Ѓорче Петров
-

Даночни инспектори обвинети за поткуп - му откривале на Деко кога ќе има контроли во „Пулс“
-

Дигиталното насилство како реална опасност
-

Расте бројот на деца жртви, но и на малолетници кои прават прекршоци
-

Владата формира национален комитет за заштита на новинари
-

Народниот правобранител нотира - ниту еден затвор нема 24-часовна здравствена служба
-

Постизборна Србија: Студентите бараат чистка во медиумите
-

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ со меѓусебни обвинувања
