Народниот правобранител нотира - ниту еден затвор нема 24-часовна здравствена служба
Доцнат терапии, не добиваат превентивни прегледи или воопшто не можат да стигнат до лекар. Последниот извештај на народниот правобранител повторно нотира загрижувачка состојба во поглед на задравствената заштита во казнено поправните установи. Во Идризово еден лекар е задолжен за околу 700 лица. Освен кадровски дефицит во затворите нема ниту рамномерна распределба на лекари, возила, амбулантни простории, лекови.
Во повеќето затвори терапијата им ја делат затворските службеници а во некои случаи набавката зависи од семејството. Тоа според омбудсманот е нотирано како ризик од прекин или грешки во дозирањето што сериозно влијае на здравствената состојба.
Дури во 7 од вкупно 11 установи е регистрирана пренатрупаност што дополнително го згоелмува притисокот врз капацитетите , хигиената и превенцијата. Посебно загрижува и недостигот на грижата за менталното здравје .
Како приоритетни мерки народниот правобранител бара воведување минимален кадровски модел преку кој ќе се пополнат местата и ќе се обезбеди дежурство на специјалисти во затворите.
-

Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар
