Запален отпад и стрниште на висок предел во Мариово
Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) – Битола регистрира пожар во Мариово, предизвикан со палење на отпад и стрниште на висок предел во мариовскиот крај.
Пожарот е високо над селата Орле, Маково, Бонче, Мојно, Мусинци на висок непристапен терен, со опасни сртови и видлив од далечина, но без посебна опасност по локалното население, изјави за МИА Горан Димкоски, раководител на ТППЕ-Битола.
- Пожарот е запелен во текот на денот кога наша екипа изврши увид и констатира дека пожарот е високо во мариовскиот предел. Очекуваме пожарот да се изгасне и за време на ноќта од ниската температура и влажноста на воздухот, истакна Димкоски.
Од ТППЕ-Битола посочија дека деновиве на повеќе локации во Пелагонија локалното население почна со палење на стрништа и отпадок на нивите иако ТППЕ и СВР-Битола упатија апел да не се палат огнови на отворено, ниту во шума затоа што постапката е строго забранета и казнива.
Ново на Сител
-
НАТО вежба во Бугарија
-
Во Струмица вечерва започнува 33-то издание на Фестивалот на камерен театар ,,Ристо Шишков“
-
Преглед на вестите од светот
-
Обновена постапката на Археолошкиот музеј
-
Шекеринска во дводневна посета на Бугарија
-
Тема на денот со Влагојче Атанасовски, политички аналитичар
-
По пожарот во Виница 25 лица побарале лекарска помош, 12 задржани на болничко лекување
-
Пожари на истокот