-->
-->
Запален автомобил на паркинг во Скопје
-->
Ноќеска околу 02.40 часот во Скопје, на ул. „Среќко Пужаљка“ било опожарено патничко моторно возило “Голф 5“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на З.Б. (31) од Скопје.
Сопственикот околу 01.00 часот го паркирал возилото, а околу 02.40 часот од соседите бил известен дека возилото е опожарено.
Околу 03.00 часот пожарот бил изгаснат од страна на Бригадата за противпожарна заштита Скопје.
Од пожарот целосно бил опожарен предниот дел на возилото, а оштетен е и дел од внатрешноста.
Нема повредени лица и не е предизвикана материјална штета на околните возила и објекти.
Се преземаат мерки за утврдување на причините за настанување на пожарот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Шанса за нов живот за прилепскиот уметник Златко Крстески по објавената социјална сторија на Сител
-
ЈКП „Водовод“ – Кочани се „дави“ во долгови, а нема ниту директор
-
Преглед на вестите од светот
-
Христијани го празнуваат Велики петок, денот на Христовото распнување
-
Охрид подготвен за туристите за Велигден
-
Преглед на вестите од светот
-
Културните работници ќе останат без плата за Велигден
-
Teма на денот со Јорданчо Ефтимов