Ракомет
22. April 2016 - 12:35

Западот не може да се помири со доминацијата на Ѓоковиќ

Во светскиот тенис продолжува хајката против најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ кој беше спомнат и во изјава на првиот човек на Светската Анти-допинг Агенција, Дик Паунд. 

Паунд изјави дека изјавата на српскиот тенисер дека нема допинг во тенисот е наивна:
„Да тоа е Ленс Армстронг пристап. Никогаш не сум бил позитивен на допинг тест, што значи дека сум чист. Мислам дека заднината е подлабока“-смета Паунд. 
Интересно што оваа изјава ја пренесува шкотски новинар кој претходно го цитираше Енди Мареј кој изрази сомневање дека издржливоста на некои тенисери доаѓа од допингот.