Западните медиуми за изборите во Каталонија
Освојувањето мнозинство во новиот каталонски регионален Парламент од страна на партиите што се залагаат за независност на Каталонија, е главна тема на денешните изданија на водечките западни весници.
Лондонски „Гардијан“ оценува дека со тоа што партиите кои ја поддржуваат идејата за независност на Каталонија успеаја да го задржат мнозинство во Парламнетот, шпанската Влада не успеа да ја постигне својата цел - да ја спречи заканата од сепаратистичкото движење.
Движењето за независност на Каталонија победи на регионалните избори, што претставува драматичен и неочекуван резултат кој ќе има огромно влијание не само врз Шпанија, туку и врз ЕУ, коментира „Индепендент“.
Според лондонскиот весник, резултатот претставува силен удар за Маријано Рахој, кој ги распиша изборите со очекување преку убедлива победа да ја зајакне контролата на Мадрид врз Каталонија. Наместо тоа, шпанскиот премиер сега се соочува со можноста од долготрајна конфронтација со нова владејачка сепаратистичка коалиција во Барселона, смета „Индепендент“.
Лондонски „Дејли Телеграф“ наведува дека разрешениот каталонски регионален лидер Карлес Пуцдемон синоќа изрази големо задоволство од триумфалното враќање на сепаратистичките партии, оценувајќи дека тоа отвора драматично ново поглавје во сепаратистичката криза во Шпанија.
Весникот исто така коментира дека изборните резултати и овојпат ги демантираа социолошките прогнози дека по изборите ќе има Парламент без мнозинство.
Германскиот весник „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ смета дека по изборите постои закана од блокада во Каталонија,
Првпат противници на независноста се водечка политичка сила во каталонскиот Парламент, но сепаратистите го задржаа апсолутното мнозинство, со што регионот се соочува со тешки времиња. Всушност ништо не се промени и опасноста се да продолжи по старо е голема - затоа што изборните резултати уште еднаш покажаа колку е длабоко поделена таа шпанска област, забележува весникот.
„Волстрит џурнал“ коментира дека победата на сепаратистичките партии е одраз на силната поддршка за независноста на регионот меѓу локалните гласачи, додека според „Вашингтон пост“ шпанскиот премиер Маријано Рахој претрпел сериозен неуспех на изборите.
Ново на Сител
-
Тајани: Путин треба да одлучи дали ќе има мир во Украина
-
Песков: Јазикот на ултиматум е неприфатлив за Русија
-
Франција мора да прифати илјадници работници мигранти за да го зачува својот социјален модел
-
Кривична пријава против две вработени во Управни работи во Куманово за несовесно работење во службата
-
Приведени две лица од Кавадарци, пронајдена е дрога
-
„Блумберг“: Трамп станува сојузник на Европа во мировната офанзива за Украина, се спремаат „поразителни“ за Москва
-
МВР: Секој има право да протестира, незадоволството не е насочено кон Министерството
-
Акциска контрола синоќа во Скопје, 76 сообраќајни прекршоци, 20 санкционирани возачи на мотоцикл