„Тиндер“ воведува т.н. „ВИП-понуда“ за доследните корисници
Платформата за запознавање, „Тиндер“ воведува опција за претплата што ќе нуди ексклузивни можности, под називот „Тиндер селект“. Се работи за тн. „ВИП-понуда“ наменета само за еден отсто од најактивните корисници на апликацијата, а ќе чини 500 долари месечно.
Како дел од новата опција, корисниците ќе може да ја користат функцијата „Прескокни ја линијата“ (Skip The Line) што им овозможува на луѓето што Ви се допаѓаат да ја гледаат Вашата фотографија незаматена и ако не се претплатат за „златно“ или „сребрено“ членство. Ќе може и да се пребаруваат профили без реклами и да се гледаат допаѓањата испратени последните седум дена.
Дополнително, функцијата „Директна порака“ овозможува испраќање пораки двапати во седмицата без да се поврзете со некого.
Корисниците кои сакаат да пребаруваат на „Тиндер“, мора да исполнат пет услови. Треба да имаат најмалку четири фотографии од себе, една потврдено веродостојна, да наведат пет свои лични интереси, биографија и целта - намерата за запознавање, врска или дружење. Инаку, според податоците на нивната страница, апликацијата е преземена 340 милиони пати и е достапна во 190 земји.
Ново на Сител
-
ГП Богородица: Колони за излез од Македонија
-
Мисајловски НАТО - Брисел
-
Наумоски - поголема заштита на рибниот фонд
-
Преглед на вестите од светот
-
Рекорден пад на невработеноста, но расте и бројот на вработени на црно
-
Тема на денот со Павле Трајанов, лидер на Демократскиот сојуз
-
Тројка надеж – во Клиниката Жан Митрев на свет донесени три предвремено родени бебиња во 31 гестациска недела
-
Одобрено е обвинението за случајот „Онкологија“, судењето дополнително ќе биде закажано