Пензионери освоиле џекпот 25 милиони долари, веднаш потоа 74 годишната баба го оставила дедото
Пензионери освоиле џекпот 25 милиони долари, веднаш потоа 74 годишната баба го оставила дедото
Пензионери на возраст од 77 и 74 годимо Кенет и Кони Паркер од Њујорк на лото освоиле џекпот од 25 милиони долари. Брачниот пар била пресреќен бидејќи со освоените пари можеле да исполнат многу од своите животни соништа и да подарат нешто на своите деца.
Тикетот го платила Кони, а парите биле уплатени само на нејзината сметка, пренесува „Мирор“.
Штом ги добила парите на сметката, го исфрлила сопругот од станот. Таа не сакала да му даде на својот сопруг ниту цент од добивката на лотарија и веднаш го прекинала контактот со него.
„Сигурен сум дека Кони сакаше да ме спречи да дадам голем дел од добивката на моите деца. Имам пет деца од претходниот брак”, рекол Кенет, кој подоцна се развел од сопругата и ја тужел.
„Се чувствувам изневерено. Сè уште сум лут на себе што некогаш ја сакав таа жена”, разочарано додал Кенет.
Двајцата пред тоа имале среќен брак, иако никогаш немале многу пари.
Секогаш играле лотарија со надеж дека еден ден ќе го добијат големиот џекпот.
Ново на Сител
-
Врховен ја укина казната од 3 год. и 10 месеци затвор за Васил, апелација не го викнал на судењето
-
Имаат ли соодветен рехабилитациски третман сите повредени од трагедијата во Кочани?
-
Предлог-Законот на СДСМ за помош на настраданите во Кочани не доби поддршка
-
Мицкоски следната недела ќе ги пополнува местата на Алијанса
-
Кошта утре на средби со македонските власти - Експертите не очекуваат позитивни сигнали од Брисел
-
Јавно ќе се разрешува претседател на Судски совет: Министерството за правда со нов закон
-
Во понеделник ќе биде познат новиот гувернер на Народната Банка
-
Инвестиции во железничката инфраструктура