Американски цариници заплениле измет од жирафа од жена која сакала од него да направи накит
Американските цариници го спречија планот на една жена од Ајова која сакала да направи накит од измет од жирафа, што го зела на патување во Кенија и го донела во САД во својот багаж.
Кога била избрана за дополнителен преглед по пристигнувањето на аеродромот Минеаполис-Сент Пол на 29 септември, патничката сама пријавила дека поседува мала кутија со измет, соопшти Царината и граничната заштита на САД.
Жената им рекла на цариниците дека имала намера да направи ланче од измет, бидејќи веќе претходно направила од измет од елен.
Експерти од агенцијата за земјоделство ја заплениле малата кутија и го уништиле изметот на жирафата.
„Постои реален ризик од внесување на фекални материи во САД“, рече во соопштението директорот на областа за царина и гранична заштита на Чикаго, ЛаФонда Д. Сатон-Бурк, додавајќи дека ако лицето влегло во САД и не пријавило што донело, „Би била голема веројатноста да се разболи од неговиот накит и да развие сериозни здравствени проблеми“.
Африканска свинска чума, класична свинска чума, Њукаслова болест, шап и свинска везикуларна болест се меѓу болестите во Кенија кои Царината ги наведе како ризик од носење измет.
Ново на Сител
-

Ветерот го однесе знамето на Македонија од јарболот во центарот на Куманово, ќе биде поставено ново
-

Просечната нето плата во мај 49.544 денари
-

Сопственик на ресторан со две „Мишелин ѕвезди“ во Јужна Кореја се соочува со затвор оти послужувал мравки во десерт
-

ЕВН Македонија: Невремето ја оштети и дистрибутивната мрежа, 90 отсто од дефектите се санирани
-

Герасимовски: Кризниот штаб на Центар со итни мерки, се вклучуваат и куќните совети, теренските екипи работат во повеќе смени
-

Клиничка болница-Штип: Пациентите со скршеници од источниот регион да се транспортираат во другите болници
-

62-годишник силувал девојче кое не наполнило 15 години во Струмица
-

Во Влада состанок за Реформската агенда
