Замислата на францускиот комичар Колуш функционира со години преку „Ресторани на срцето“
Во Франција започнува 35 кампања на „Рестораните на срцето“, хуманитарна помош замислена од францускиот комичар Колуш како одговор на сиромаштијата во неговата земја. Денес најголеми корисници, а ги има 900 000 се младите под 26 години, јавува дописникот на МИА.
Меѓу 900 000 лица кои имаат право на прехранбена помош, дури 51 отсто се млади под 26 години, покажаа статистиките од кампањата 2018-2019. Односно 39 отсто се малолетници -деца на родители кои земаат помош од асоцијацијата, 30 000 се бебиња а 12 отсто се на возраст од 18 и 25 години.
Оваа последна категорија на корисници се зголемува, за сезоната 2010-2011, тие претставуваа само 8 отсто од корисниците на помошта. Меѓу нив се невработените, но и вработени чии лични примања не се доволни за да ги покријат своите животни трошоци. А понекогаш има и студенти, кои порано ги немаше меѓу корисниците. Денес секој петти млад човек живее под прагот на сиромаштијата.
Најголемиот број од корисниците на помошта од „Ресторанот на срцето“, дури 80 отсто се лица кои живеат со 513 евра месечно, а другите 20 отсто се без примања.
Секој четврти оброк на Рестораните на срцето е финансиран од европската алиментарна помош, која според асоцијацијата денес е загрозена.
Од 2014 до 2020, глобалниот буџет на Европскиот фонд за помош на сиромашните (ФЕАД) на Франција и доделуваше 587 милиони евра, односно една третина од хуманитарната помош на Франција. Но таа помош може да биде намалена со идниот европски буџет, со што бројот на дистрибуираните оброци може да биде намален за двапати, па дури и четирипати.
Според бројките во Франција под прагот на сиромаштијата живеат 9,3 милиони лица, а 5 милиони редовно користат помош во форма на храна. Половина од лицата над 16 години кои одат во Рестораните на срцето бараат работа, 8 отсто имаат работа и 15 отсто се пензионери. Мнозинството 58 отсто се жени, со многу големо присуство на едно родителски семејства.
Ново на Сител
-
Зеленски: Поканата на Путин значи дека тој не сака средба
-
СВР Тетово го расчисти случајот во кој беа нападнати двајца малолетници
-
Македонските фудбалери поразени од Саудиска Арабија
-
Зеленски: Сите сојузници од Коалицијата на подготвените согласни се дека Русија ги отфрла иницијативите за мир
-
Русија протера естонски дипломат
-
Почина италијанскиот моден дизајнер Џорџо Армани
-
Гаши за утре закажа седница на собраниската Комисија за надзор над работата на АНБ и АР
-
Министерот Тошковски на средба со амбасадорката Агелер: Потврдена силна поддршка од САД за реформите во МВР