Замина легендата на македонската рок-сцена: Почина Константин Коце Икономов
Вчеравечер, недела 26-ти јануари во вечерните часови како последица од неодамна претрпениот мозочен удар, замина уште една македонска музичка легенда. На 78 годишна возраст почина а Константин Коце Икономов – гитаристот на култните македонски групи „Безимени“ и Бис – Без“ и долгогодишен член на Ревискиот оркестар на МРТ.
Икономов беше роден 1946 година. Музиката ја засакал уште од мали нозе, па така по завршувањето на основното училиште се запишал во средно музичко училиште, каде важел за еден од најтелентираните виолинисти. По наговор на неговата мајка која имала желба да стане лекар, запишал да студира медицина на Медицинскиот факултет при Универзитетот Кирил и Методиј во Скопје.
Но како лекар никогаш не работел, зашто музиката како негова прва и последна љубов толку го обземала што со појавата на рок ен ролот на овие простори, почнал да свири по разни групи. Коце Икономов важи за еден од основоположниците на македонската рок сцена. Како гитарист и клавијатурист членува во неколку од првите култни македонски бендови, меѓу кои секако се групите „Безимени“ од чија фузија со „Бисери“ ќе настане легендарната група „Бис – Без“, чиј еден од основоположниците е и самиот Икономов.
„Бис – Без“ е рок група создадена во 1964 г. во Скопје, под силно влијание на легендарните Битлси. Од групата Бисери, во бендот, дошле Станислав Длака (гитара) и Ламбе Смилевски (бас гитара), а од групата Безимени: Константин Икономов – Коце (на гитара и клавијатури), Димитар Чемков – Циме (гитара), Димитар Попанков (тапани) и вокал Стевче Јаневски – Чивчи. Ова е првата постава на групата, а подоцна, во бендот членувале и други музичари.
Создале грст хитови од кои најзапаметена е секако легендарната композиција „Дал да плачам ил да пејам?“ која ќе остане евергрин, како рок класик за вечен спомен на едно време.
„Бис – Без“ ќе бидат едни од првите наши рок групи кои ќе го ползуваат македонскиот фолклор, стилизиран во рок ен рол музиката во Македонија.
Коце Икономов иако формално високо музичко образование ќе биде примен во Ревискиот оркестар на МРТ уште од неговите сами почетоци, каде ќе остана како долгогодишен член се до своето пензионирање, свирејќи на бас гитара.
Тој е не беше само извонреден музичар, туку и композитор и аранжер. По неговите стапки ќе тргнат и неговите синови кои денес се исто така истакнати македонски музичари.
Во 2006 година, Икономов доби Златна бубамара на популарноста за животно дело.
Константин Коце Икономов е инаку и чичко на Апостол Поце Икономов, пејачот на исто така денес легендарната македонска поп-рок група „Меморија“.
Ново на Сител
-
Таравари: Со пакет мерки да ги решиме грбот, химната и другите заостанати прашања
-
Дибала повторно се повреди
-
Манчестер Сити губи клучен играч до крајот на сезоната
-
Раниери лут по мечот со Порто: Судијата едвај чекаше нешто да се случи, за да му ја подари победата на противникот
-
Изгоре куќа во село Иловица, струмичко
-
Продолжува судскиот процес со родилката од Дебар, ќе се презентира супер вештачењето
-
РСБСП со кампања за Св. Трифун, апелира - вози безбедно, вози со љубов
-
Во Хрватска денеска бојкот на пекарници и пекарски производи, од утре бојкот на нов трговски синџир