Заменик-министерот за внатрешни работи Нухиу го посети тетовскиот Отсек за управни работи
Заменик-министерот за внатрешни работи Агим Нухиу, денеска го посети тетовскиот Отсек за управни работи и официјално ги промовираше новините во неговото функционирање, чија практична примена стартуваше на 1-ви овој месец и ќе се имплементираат до 31-ви идниот месец.
МВР соопшти дека станува збор за двосменско работење на Отсекот, односно на службите за издавање на лични карти и патни исправи, кое ќе започнува во 8 часот и 30 минути и ќе завршува во 19 часот и 30 минути.
Целта на овие новини кои веќе се применуваат и во Гостивар и во уште неколку градови во земјата, појаснуваат од МВР, е да им се излезе во пресрет на граѓаните, брзо и квалитетно да аплицираат и да ги добијат бараните документи.
- Ова, дотолку повеќе што наскоро на тетовско-гостиварското подрачје се очекува поинтензивно доаѓање на времено вработените во странство, кои во значителен број во летниот период аплицираат за документи и на кои, заради временски ограничениот престој, неопходно им е што побрзо и квалитетно да бидат услужени, стои во соопштението од МВР.
Ново на Сител
-
Во владината коалиција се разговара за промена на државниот грб
-
Тема на денот со Благоја Пандовски, претседател на Транспаренси
-
Уставен поведе постапка за оценување на уставноста на измените на КЗ
-
Премиерот го повика државниот обвинител сам да поднесе оставка
-
Членовите на Судски совет прво ќе анализираат па дури потоа ќе кажат дали ќе си поднесат оставка
-
Доживотен затвор за убиецот на штипјанката Емилија Пешева
-
Без тапани, со економска поддршка ќе се бранат Македонците во Албанија
-
Пропадна обидот за намалување патни трошоци