Заменик министерот за надворешни работи Жерновски во посета на Баварија
Заменик министерот за надворешни работи, Андреј Жерновски, денеска престојуваше во работна посета на германската сојузна покраина Баварија, на покана на претседателот на Комисијата за европски прашања во баварскиот парламент.
Во рамките на посетата, како што соопшти МНР, Жерновски информирал за постигнатите резултати во реформските активности од европската агенда на Северна Македонија, за внатрешно-политичките случувања и добрососедските односи.
Жерновски остварил и повеќе поединечни средби со пратениците од баварскиот парламент, при што било истакнато значењето на донесувањето на одлуката за датум за почеток на пристапните преговори со Европската Унија во октомври оваа година.
– Европската перспектива за Република Северна Македонија е мотор за позитивни промени. Одлуката во октомври е важна за нас, за вас и за целиот регион. Датумот за почеток на преговори ќе биде заеднички успех, македонски и европски, истакна Жерновски на средбите, соопшти МНР.
Заменик-министерот истакнал дека оваа Влада е фокусирана на реформите, да ја направи државата стабилна и сигурна, членка на НАТО и ЕУ, економски силна, во која младите ќе ја препознаат својата шанса и ќе бидат граѓани со достоинствен животен стандард.
Жерновски остварил средби и со министерот за економија на Баварија, Хуберт Аивангер, министерот за животна средина, Торстен Глаубер и со министерот за образование Михаил Пазоло, а голем дел од разговорите биле посветени за унапредување на билатералната и економската соработка со Баварија.
Во тој контекст, како што се посочува во соопштението, се разговарало и за Заедничката комисија на Северна Македонија – Баварија, како одлична можност за продлабочување на економската соработка, како и за искористување на големиот инвестициски потенцијал кој оваа развиена и просперитетна германска сојузна покраина го има.
Ново на Сител
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората