Заменик-министерот за култура Недељковиќ се сретна со кинескиот колега Веи
Во рамки на првиот самит „Патот на свилата“, кој се одржува во Дунхуанг во кинеската провинција Гансу, заменик-министерот за култура Драган Недељковиќ се сретна со кинескиот колега Динг Веи.
Министерството за култура соопшти дека на средбата биле истакнати и топло поздравени традиционално добрите односи меѓу Република Македонија и Народна Република Кина како стратешки партнери, при што двете страни искрено се заложиле за нивно продолжување и унапредување.
На состанокот биле отворени повеќе теми со посебен акцент на зацврстување на културната соработка меѓу Република Македонија и НР Кина на национално и на локално ниво.
Кинескиот заменик-министер за култура изразувајќи задоволство од досегашната соработка изразил желба и за продлабочување на културните релации меѓу локалните установи од Македонија и културните установи во другите провинции во НР Кина. Веи истакнал дека Македонија има една од клучните улоги во иницијативата за соработка меѓу НР Кина и 16 земји од Централна и од Југоисточна Европа и како таква ја почитува заложбата и посветеноста со која се пристапува на проектот.
Народна Република Кина е стратешки партнер на Република Македонија и дава силна поддршка на иницијативите кои континуирано доаѓаат од македонска страна во рамки на соработката на Кина и земјите од ЦЕЕ.
Заменик-министерот Недељковиќ го информирал својот колега за развојот на македонската култура и нејзината презентација во светски рамки. Кинеската страна изразила големо задоволство за нивото и интензитот на досегашната презентацијата на македонската култура во НР Кина, како и за презентирањето на кинеската култура во Република Македонија. Посебно изразила задоволство и почитување во врска со капиталниот проект на Владата „Превод на 135 тома македонска книжевност“, кој неодамна беше презентиран и на интернационалниот Саем на книгата во Пекинг, кој се одржа минатиот месец.
Недељковиќ се заблагодарил на одличната организација на меѓународниот самит „Патот на свилата“ каде шефови на голем број влади и држави и други претставници имаа можност да дадат придонес кон размена на искуства и ставови од областа на културата и културното наследство. Тој упатил официјална покана до својот кинески колега, заменик-министерот Веи, да ја посети Република Македонија, што било прифатено со огромно задоволство.
Ново на Сител
-
На Токсикологија нема пациенти кои го следеле „Тикток“ предизвикот со парацетамол
-
Обвинителот побара доживотен затвор за убиецот на штипјанката Емилија Пешева
-
530 возачи казнети во Скопје, 238 за пребрзо возење, 43 за возење без возачка, 10 под дејтсво на алкохол
-
Се чека одговорот на членовите на Судскиот совет
-
Еуроактив: Бугарија нема да попушти
-
Муцунски во посета на Австралија
-
СДСМ: Мицкоски потрошил 60.000 евра на социјални мрежи
-
Малолетниците кои кршат по паркови ќе работат општокорисна работа