Македонија
10. February 2025 - 12:21

Малолетниците кои кршат по паркови ќе работат општокорисна работа

Градоначалникот на скопски Центар ја потегна иницијативата а Заедницата на локалните самоуправи ја прифати, малолетниците кои ќе бидат фатени како вандализираат урбана опрема по парковите да бидат казнети со општокорисна работа.

Иницијативата предвидува измени на Законот за прекршочна постапка, Законот за пробација и Законот за правда за децата, со цел воведување општокорисна работа како мерка која ќе спречи вандализам и ќе придонесе кон ресоцијализација на малолетниците.

Дополнително, се предлага и разгледување измени во Законот за семејство и Законот за извршување на санкции, за да се обезбеди правна рамка која ќе ја вклучи и одговорноста на родителите преку заедничка општокорисна работа.