Заменик-министерот за финансии Николоски на средби во ММФ
Заменик министерот за финансии Филип Николоски, кој престојува во Вашингтон, оствари средби во Меѓународниот монетарен фонд со алтернативниот извршен директор Лук Дресе и со шефот на мисијата на ММФ Жак Миниан.
Како што соопшти Министерството за финансии, на средбата, се разговараше за економските состојби и политики во земјава при што заменик-министерот Николоски ја потенцираше заложбата на Владата за обезбедување долгорочна фискална одржливост.
-Само стабилни јавни финансии можат да обезбедат долгорочен раст и развој, насочен кон подобрување на животниот стандард на граѓаните. Во наредниот среднорочен, петгодишен период продолжува определбата расходите да бидат во функција на остварување на стратешките приоритети, забрзување на економскиот раст, исполнување на интегративните процеси на Република Северна Македонија за влез во ЕУ и обврските што произлегуваат од членството во НАТО, истакна Николоски.
На средбата стана збор и за степенот на реализација на активностите од програмата за користење на Линијата за ликвидност и претпазливост (ПЛЛ), која обезбедува ефективна заштита од криза за оние земји членки на ММФ кои имаат здрави економски основи, односно политики.
Заменик-министерот за финансии во Вашингтон ќе оствари средби и во Светската банка, каде ќе се сретне со извршниот директор на СБ, Кун Давидсe и директорот за човечки развој Мајкл Рутковски.
Ново на Сител
-

Македонско-германска конференција за иднината на контролингот
-

ЕК ќе го презентира извештајот за напредокот во Македонија
-

Пациентите со сложени срцеви аритмии веќе нема да мора да бидат упатувани во странство
-

Регионална конференција за е-трговија
-

Чистењето на заедничките оџаци еден од најголемите проблеми во колективните станбени објекти во Струмица
-

Преглед на вестите од светот
-

Аналитичарите очекуваат кадровски промени кај поразените партии но не и лидерски смени
-

Тема на денот: Анализа на изборните резултати
