Македонија
4. November 2025 - 12:13

Чистењето на заедничките оџаци еден од најголемите проблеми во колективните станбени објекти во Струмица

Чистењето на заедничките димоводни канали претставува еден од најголемите проблеми во колективните станбени згради во Струмица. Иако грејната сезона веќе започна, дел од објектите се уште се соочуваат со потешкотии при чистењето на оџаците.

Главната пречка се јавува кај становите на пониските спратови, каде што се поставени чистачите на димоводите, а сопствениците често или не живеат таму или не дозволуваат пристап за нивно одржување. Овој проблем бил причина и за неколку преставки испратени до инспекторот за пожари во Струмица.

Инспекторот за пожари предупредува дека чистењето на димоводните канали е законска обврска, а попречувањето на постапката претставува кривично дело.

Според законските прописи, сите граѓани кои користат цврсто гориво за греење се должни најмалку двапати годишно , пред почетокот и по завршувањето на грејната сезона  да ги исчистат димоводните канали.