Заменик министерот Павлески и градоначалниците на Велес и Гази Баба на конференција во Тел Авив
На покана на Федерацијата на локалните власти на Израел, заменикот министер за локална самоуправа,Дејан Павлески и градоначалниците на општините Велес и Гази Баба, Аце Коцевски и Борис Георгиевски, ќе учествуваат на меѓународната конференција за општински иновации, MUNIWORLD 2019, што од денеска до 28 февруари ќе се одржи во Тел Авив.
Во рамки на Конференцијата, ќе се одржи и MUNIEXPO 2019, најголемиот годишен настан во организација на Федерацијата на локалните власти на Израел, на кој ќе присуствуваат над 200 градоначалници, како и министри, претставници од научни институции и од бизнис секторот од Израел, како и од многу други земји од целиот свет.
Конференцијата е посветена на урбаните иновации и паметни градови и е можност за вмрежување и соработка на властите, одговорни за локалната самоуправа.
Годинава, главна тема на конференцијата е урбаната безбедност, а учесниците ќе имаат можност и директно да се запознаат со иновативни системи во израелски општини.
Ново на Сител
-
Привршува судењето за убиствата на Вања и Панче, завршни зборови на 2 јуни
-
Шефицата на Европската дипломатија Каја Калас во петок во Скопје
-
Македонија домаќин на 2200 војници од НАТО вежбата „Брз одговор 2025“
-
Форум: Мали држави - Големо влијание
-
Арсовска „фати“ дивоградба во Чаир
-
ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да не крие информации за златната виза
-
Преглед на вестите од светот
-
Лицата на приматели на семејна пензија можат да работат